• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 19, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

Во Подгорица на научната конференција: „1000 годишнина на свети Јован Владимир“ учесници и од Македонија

октомври 23, 2016
in Култура

По повод одбележувањето на 1000 години од упокојувањето на свети Јован Владимир, Црногорската академија на науките и уметностите во соработка со Македонската академија нанауките и уметностите, Академијата на науките на Албанија и Бугарската академија на науките организираше научна конференција „1000 годишнина на свети Јован Владимир“ која се одржа на 21-22 октомври 2016 година во просториите на Црногорската академија на науките и уметностите во Подгорица.

Од Македонија учествуваа тројца претставници. Виктор Недески како претставник на Македонската православна црква и Центарот за проучување на културното наследство на Македонската академија на науките и уметностите се претстави со темата: Нови откритија во елинофоната хагиографска и химнографска традиција за свети Јован Владимир.

site

Сашо Цветкоски како претставник на центарот за проучување на културното наследство на Македонската академија на науките и уметностите ја презентираше темата: Свети Јован Владимир – нов Константин и нов Евстатиј Плакида, а Милан Бошкоски како претставник на Институтот за национална историја на Македонија зборуваше за односите на кнезот Владимир со царот Самоил, Гаврил Радомир и Јован Владислав.

ucesnici

На конференцијата учествуваа и други угледни научници, истражувачи и книжевници од Црна Гора, Албанија и Бугарија кои заедно со нашите претставници имаа можност да споделат значајни сознанија и искуства за ликот и делото на светиот крал Јован Владимир, кој како што заклучија е заеднички и ги обединува сите овие земји и култури.

По конференцијата беше организирана екскурзија до местата во Црна Гора и Албанија кои се поврзани со животот и култот на светиот крал.

Публицитет.мк 

Посетеност: 142
Share
Previous Post

-Во животот ќе ти се случува: да те сакаат, да им требаш, да те користат, да те остават, да те озборуваат, да те мразат, да си подигруваат со тебе, неправедно да ти судат, да те спасуваат, да те кршат, но сето ова те гради тебе. Д-р Миле Мичуновиќ

Next Post

Марија Груева: „Скок од Кукуле“

Next Post

Марија Груева: „Скок од Кукуле“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 142

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk