Во рамки на проектот „Регионот Охридското Eзеро-безбедна дестинација за авантуристички туризам“ финансиран од Европската Унија, ИПА 2 програма за прекугранична соработка, а го спроведува Црвен крст – Охрид, денес во Поградец, Албанија беше презентирана дел од опремата за безбедност на вода набавена во рамки на проектот и наменета за албанската страна.
Целта е да се воспостават безбедни услови за капење, спорт и рекреација на Охридското Eзеро од албанска страна според меѓународни стандарди. Во таа насока беа претставени и новите 20 спасители на вода обучени во Албанија и се најави обука на уште 20 спасители на вода во месец јуни, кои ова лето ќе се грижат за безбедноста на посетителите на албанските капалишта на Охридското Езеро.
На настанот присуствуваа Евроамбасадорот во Албанија Г-дин luigi Soreca, претставници на Владата на Р.Албанија, Градоначалникот на Поградец, претставници на Федерацијата за спасување на вода од Албанија, претставници на Националниот центар за животна средина, туризам и одржлив развој од Албанија како партнер на проектот и секако членовите на Спасителната служба на Црвен крст – Охрид.
Од страна на координаторите на проектот присутните беа запознаени со досега реализираните активности во рамки на проектот, а се потенцира неопходната потреба од продлабочување и проширување на прекуграничната соработка во делот на безбедност на вода и безбедност на планина, за што поддршка најави и претставникот на Делегацијата на Европската Унија во Албанија.
Публицитет.мк