Од понеделник 20 до 28 јули во Трпејца по четврти пат ќе се одржи културно – забавната манифестација „На зајдисонце“. Организатор е Здружението „За Трпејца со љубов“ со поддршка од Месната заедница и Црковниот одбор во селото, а покровител е Општина Охрид.