• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
четврток, јули 17, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Омнубус

Во продажба билетите за големиот концерт на групата „Камелеон“

декември 7, 2018
in Омнубус
Во продажба билетите за големиот концерт на групата „Камелеон“

Од вчера се пуштени во продажба ограничен број билети за големиот концерт на најдобрата охридска група Камелеон, кој ќе се одржи во сабота, на 29-ти декември во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

– Бројот на седиштата во охридскиот Центар за култура е лимитиран и токму затоа повелете и обезбедете го побрзо вашиот билет за концертот, кој, според најавите, ќе биде еден од настаните кои ќе ги одбележи новогодишните празници во Охрид, но и многу пошироко, порачуваат организаторите.

Групата за концертот се подготвува веќе неколку месеци, а сите 17 песни кои ќе бидат изведени ќе добијат нови аранжмани.

– Гости на концертот ќе бидат: Горан Папаз, Ѓоко Танески, кој ќе изведе две песни, охридскиот градски мешан хор „Вокс Лихнидос“, Џеват Рамаданоски и студенти од Факултетот за музичка уметност, кои ќе формираат квартет. Во екипата што цело време ќе биде со нас се и Жармена и Димче Китрозоски, Никола Тони, а пратечки вокали ќе се Ана Костадиновска и Сара Николоска, истакна на прес конференцијата со која го најавија настанот, вокалистот на бендот Драган Василески.

Членови на бендот покрај Василески се и Тони Јованоски, Роберт Милески, Петар Трифуноски и Филип Стојковски.

На сцената на Домот на култура „Григор Прличев“ во Охрид, во сабота, на 29-ти декември, точно во 19:00 часот е закажан стартот на музичката приказна која ќе одбележа првите и е ќе ги најави новите 20 години од постоењето на групата „Камелеон“.

Билетите по цена од 250 денари од денес се продаваат во сите „Тамаро“ маркети во Охрид и Струга, музичката продавница ZZ Top и од понеделник, 10-ти декември на тезга „Аждер“ во центарот на градот.

Публицитет.мк 

Посетеност: 73
Share
Previous Post

Од 20 часот директен пренос на Свечената академија во чест на Св. Климент Охридски

Next Post

Се одржа свечената академија во чест на „Св. Климент Охридски – Патронот на Охрид

Next Post
Се одржа свечената академија во чест на „Св. Климент Охридски – Патронот на Охрид

Се одржа свечената академија во чест на „Св. Климент Охридски - Патронот на Охрид

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 73

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk