• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
среда, октомври 21, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Во потрага по трајната убавина

Во продажба книгата „Сага за Охрид 2“ од Валентина Неловска

јуни 30, 2019
in Во потрага по трајната убавина
Во продажба книгата „Сага за Охрид 2“ од Валентина Неловска

Пред две години новинарката Валентина Неловска ја издаде првата книга  „Сага за Охрид “ која читателите добро ја прифатија.

Тоа  значи дека историските телевизиски прилози  обработени во проза наидоа на добар прием во  јавноста. Затоа, Неловска се одлучи да  објави и преработи дел од другите  телевизиски емисии на кои е автор и уредник 15 сезони за  ТВМ Телевизија во посебен дел.

-Сториите се веќе  објавени под ист наслов , како и  првиот „Сага за Охрид 2“. Со второто продолжение на книгата „Сага за Охрид “ се збогатуваат уникатните  и мошне содржајни стории за градот, но и пошироко како што се насловите посветени на Струга, струшките села Вишни и Глобочица, Дебрца. Преку тие текстови  Неловска не воведува во вистински историски приказни, факти и реалности преку многубројните контакти со луѓе кои живеат во Охрид и регионот, а кои поседуваат многу богати историски материјали. Во книгата се поместени разни теми со различни мотиви  економски, културни, историски  кои се поврзани со животот  на луѓето и  семејствата, приложени со навидум „ситни“ приказни , но  искрени историски вистини, вели рецензентот д-р Павле Митрески.

 65530361 616104612244360 2763926229387051008 n

Охрид е центарот на мојата душа. Чекорам по неговите несовршени улици и сокаци опиена од неговата неповторлива  убавина. Велат животот нема реприза, но за среќа го има минатото. Она време што било и поминало на кое повеќе, помалку или воопшто не се сеќаваме, е на тоа време се обидувам  да ве потсетам преку „Сага за Охрид 2“, вели авторката Неловска и додава:  

– Ви донесувам нови луѓе, места и настани кои се специфични за градот, но овој пат и од околината и ќе ве потсетам на минатото за длабоко да ги сочувате во срцата и сеќавањата. Оние по сентименталните, од запретаните жарчиња скриен оган, можеби ќе пуштат и по некоја солза. Тага за едно минато време во кое секој од нас оставил свој белег во живеењето на градот колку и да бил  скромен.

65308683 2549858721711722 796217980978462720 n

Книгата е печатена во ПНВ Публикации – Скопје, автор на насловната страница е Ѓоко Симјаноски а издавач е НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид. 

Наскоро во продолженија со дозвола на авторката Неловска на нашиот Публицитет.мк ќе можете да прочитате неколку наслови од книгата која е веќе во продажба во книжарницата „Просвета“ во Охрид.

Публицитет.мк

Посетеност: 117
Share
Previous Post

Тенорот Влатко Груевски ќе одржи солистички концерт пред љубителите на оперската уметност во Охрид

Next Post

Во Куќата на Уранија, МАНУ ја организира „Охридската школа на природното право“

Next Post
Во Куќата на Уранија, МАНУ ја организира „Охридската школа на природното право“

Во Куќата на Уранија, МАНУ ја организира „Охридската школа на природното право“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 117

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk