Туризмот во Република Македонија станува се позначајна гранка и е еден од најбрзо растечките економски сектори во нашата држава кој од година во година генерира се повеќе работни места, поголем девизен прилив а со тоа и економски раст и пораст на животниот стандарт на македонските граѓани. ВМРО ДПМНЕ продолжува да работи на подобрување и збогатување на туристичката понуда на Охрид, не само на летниот туку и на зимскиот туризам, рече пред новинарите д-р Сашо Василевски , кандидат за пратеник на ВМРО ДПМНЕ во ИЕ 5
Во програмата на ВМРО ДПМНЕ наречена РЕАЛНО за 2016-2020 година опфатен е и проектот за изградба на ски-центар на планината Галичица.
Целта на овој проект е да се придонесе во економскиот развој на регионот преку развивање на туризмот во зимскиот период, со почитување на начелата нa зачувување на културните и природните наследства и вредности, еколошката одржливост и подобрување на квалитетот на живеење.
Ски ресортот Галичица ќе биде комбинирано планинско и езерско одморалиште кое се предвидува да биде во функција во текот на целата година. Истиот ќе овозможи развој на зимски и летни рекреативни активности, разновидни и иновативни туристички услуги, со уникатно искуство за туристите кое го нуди недопрената природна на националниот парк Галичица и поглед на прекрасната Охридска ривиера и Преспанското Езеро. Согласно со изработената студија за изводливост и со концептот на главниот план се предвидува две зони за сместувачки капацитети, една од охридксата страна, а другата од преспанската страна. Од двете страни ќе водат жичарници-гондоли до скијачките терени кој ќе се наоѓаат на западните падини на Галичица. На охридската страна, на самиот брег кај локалитетот Градиште ќе има одморалиште со хотел од висока категорија и 200 соби, како и 300 апартмански единици, со вкупно 1.600 легла.
Локалитетот наречен Горно Пештани е планинско село кое ќе се развива околу отчетната станица на гондолата, со 4 хотели и 600 соби, 99 вили и 128 апартмански единици со вкупно 2.306 легла. Ресортот на локалитетот во близина на Отешево е опциона варијанта, со 4 хотели и 337 соби, 19 вили и 45 апартмански единици, со вкупно 968 легла. Самиот ски-центар ќе има капацитет од 3.000 на ден, гондола, три ски-лифта и три подвижни ленти, 16 км скијачки патеки со вкупна површина од 48 хектари, од кој 19 хектари ќе бидат покриени со систем за вештачки снег.
Со овој капитален проект ќе направиме пресврт во сезонскиот карактер на туризмот во Охрид со зимска понуда.
За овој проект е предвиден буџет 148 милиони евра проценета вредност.
ВМРО ДПМНЕ е партија која неуморно работи и гради просперитетна и економски силна држава, искористувајќи ги сите ресурси кои ги нуди природата на нашата земја, а со цел подобрувајќи го стандардот на нашите граѓани. Затоа граѓаните РЕАЛНО ја препознаваат разликата и несомнено на 11 декември ќе го заокружат бројот 1, рече д-р Василевски.
Публицитет.мк