Ракот (карциномот) на белите дробови е болест во која одредени клетки во белите дробови стануваат абнормални, неконтролирано се размножуваат и притоа формираат тумор.
Во раните фази на ракот на белите дробови обично не се забележуваат некои знаци или симптоми. Ако се остави без лекување, ова растење на клетките може да се прошири надвор од белите дробови во други делови од телото, преку метастазирање.
Повеќето заболени од рак на белите дробови се многугодишни пушачи, сепак, болеста може да се појави и кај луѓе кои никогаш не пушеле, а се изложени на пасивно пушење или загадување на воздухот.
Главни симптоми се кашлање (вклучувајќи искашлување на крв), отежнато дишење (недостиг на воздух), болка во градите и нагло губење телесна тежина.
Најчестата причина за белодробен рак се генетските фактори, односно промените во одредени гени. На пример, околу 60% од луѓето со аденокарциноми на белите дробови имаат одредени генски мутации.
Ако ракот на белите дробови или други белодробни заболувања се јавуваат во медицинската историја на вашето семејство, потребно е да се тестирате , бидејќи раната дијагностика и третман се многу важни за да се спречи фаталноста во секој случај.