„Заедно за Струга – со музика, песни и игри“ настан кој ќе се одржи денеска – четврток од 18 часот во хотел „Дрим“ во Струга.
На настанот ќе настапат хорови, вокални групи и оркестри од основните и средните училишта од Вевчани, Струга и струшко. На настанот се добредојдени сите граѓани од Струга, Вевчани и околината , кои сакаат да живеат тука, кои веруваат дека соживотот и соработката е вистинскиот избор за нашиот регион, и кои се спремни да го дадат својот придонес вклучувајќи се во нашите активности во следните три години.
Овој настан е дел од проект „Декада на припадност – Славење на различностите“, чија цел е да придонесе за подобрување на меѓуетничките односи во југозападниот регион, преку зајакнување на соработката меѓу граѓанските организации, јавниот и приватниот сектор.
Во тек сме на реализирање на различни активности како летен мултикултурен фестивал, мешан регионален хор, младинско списание, танцови работилници и музички настани, кулинарски доживувања, урбани резиденции со кои предвидуваме дека ќе го предизвикаме интересот кај граѓаните од сите возрасни и етнички групи да се вклучат и заеднички да ги направиме нашите заедници пријатни и посакувани места за живеење. Проектот е финансиран од Европската Унија, а го спроведуваат Локална агенција за развој и Граѓанската организација „Креативни и активни“ од Струга.
Публицитет.мк






