
Од денеска до 24 ноември во рамките на фестивалот “Охрид те сакам” ќе се одржи Седмиот меѓународен натпревар на класична музика.
На натпреварот ќе бидат застапени повеќе дисциплини: пијано ,флејта, кларинет, труба, хармоника, виолина, виолончело, гитара и камерна музика. Натпреварот ќе го оценува стручно жири од Р.С.Македонија, Србија, Косово,Бугарија,Албанија,Хрватска и Босна и Херцеговина. Исто така дел од нив ќе одржат и семинари.
Во недела со почеток во 13:30 ќе се одржи завршниот концерт на кој ќе учествуваат сите добитници на специјална награда (100 бода) во своите дисциплини и ќе се натпреваруваат за Лауреат на натпреварот за кој наградата е солистички концерт на реномираниот фестивал во Рим “Concerti del Tempietto “.

Сите настани ќе се одвиваат во концертната сала на ОМУ Методи Патче.
Вечерва по повод отварањето на Седмиот меѓународен натпревар во 20 часот ќе има свечен концерт на кој ќе настапат реномирани професори од стручното жири на натпреварот.
Публицитет.мк






