Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на ден 21 октомври (сабота), ќе се осветува црквата „ Воскресение Лазарево“ на градските гробишта – Охрид, со почеток во 08:30 часот.
По осветувањето ќе се служи света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.
Дебарско – кичевската епархија ги поканува сите свои верници на учествување и заедничко прославување на овој свет чин.
Публицитет.мк