Поради зголемените потреби од крв и крвни продукти за пациентите во здравствените установи во Охрид, Црвен крст Охрид организира вонредна крводарителска акција која ќе се реализира на 11.09.2021 (сабота) во просториите на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во периодот од 10-14 ч.
-Ги повикуваме нашите сограѓани да ја искажат својата хуманост дарувајќи ја драгоцената течност на оваа крводарителска акција, апелираат од Црвен крст Охрид.
Публицитет.мк