Иван физички го нема ќе останат неговите филмови и документарци, како сведоштво за неговото постоење.
„Време на летала“ снимен далечната 1982 година е веќе култен филм кој го вреди Копола како режисер во редот на доајените на надалеку познатата ТВ играна и посебно документарна школа на МТВ. Со филмовите и документарците ги сликаше чувствата на луѓето, нивната потрага по себеси.
Збогум пријателе, патувај мирно и спокојно во вечноста.
Ветувам, ќе се обидам да најдам барем парче твој глас во мојата аудио фонотека, од неколкуте интервјуа што ТИ со задоволство ми ги даде, за да се потсетиме на твојата скромност и доблесност.
Во нив со многу љубов говореше за документаристиката, уметноста, за Охрид, Македонија и една анегдота во која ми рече дека по еден месец престој во Америка, во едно далечно време си се вратил во Македонија, зашто таму ништо не мирисало и немало вкус , како овде во Твојата, нашата Македонија.
За мене далеку подраги се часовите минати во кафе муабет и вечните теми за животот и постојаниот наш стремеж да ни е поарно.
Што друго и да се каже во овој миг е премалку за утеха,а загубата пред се’ е најголема за твоето семејство и најблиските.
Јавно им изразувам сочувство и сочувствувам со нивната тага.
Почивај во мир пријателе!
Милчо Јованоски, новинар