
За да ги задоволи потребите од крв и крвни продукти на пациентите во здравствените установи во Охрид, Црвен крст Охрид во рамки на одбележување на Неделата на Црвениот крст, во соработка со службата за трансфузија организира крводарителска акција под мотото „РАЗУБАВЕТЕ ГО ДЕНОТ, СЕБЕ СИ И НА ДРУГИТЕ“.
Акцијата ќе се реализира на 19.05.2021 (среда) во спортската сала на ОУ „Григор Прличев“ во Охрид, во периодот од 9:00 до 14:00 часот, а крв можат да даруваат сите хумани сограѓани на возраст од 18 до 65 години.
-Согласно протоколите за работа во услови на епидемија од COVID-19 ќе бидат преземени сите потребни заштитни мерки и овозможени услови за безбедно дарување крв на сите крводарители, велат од Црвен крст Охрид.
Публицитет.мк







