Во куќата на Уранија во среда од 20 и 30 часот љубителите на ликовната уметност ќе имаат можност да се сретнат со ликовното творештво на канадскиот уметник со македонски корени Мајкл Клос.
Организатор на изложбата е МАНУ. Мајкл и неговата сопруга Менче Змејковска – Клос во Охрид доаѓаат по четири години од Канада каде што живеат и заеднички творат. Во аудио интервју за Публицитет.мк Менче и Мајкл зборуваат за искуствата од светот на уметноста собрани во овој меѓу период и неговите претставувања во Астрахан и Волгоград ( Сталинград ) Русија , за патувањето во Кина и веќе договорената изложба во Казахстан.
Мајкл во Нижеполе деновиве учествуваше на традиционалната колонија а во остатокот од времето по изложбата во Уранија ќе го искористат за средби со нивните колеги уметници од Македонија и за договори за нови уметнички патешествија и за остварување на сопствените соништа под мотото: „Сликарството на патотна хуманоста“.
Со Менче и Мајкл Клос , разговараше:Милчо Јованоски – со клик на линкот поддлу слушнете го интервјуто во целост.
Публицитет.мк