Во НУ Музеј Струга – Спомен куќа „Браќа Миладиновци“ на 21 јануари во 13 часот по повод 50 години творештво на Мице Јанкуловски ќе биде отворена негова самостојна изложба, промоција на публикација и видео.
-Во Струга се претставувам повторно после 35 години, а за прв пат ќе изложам слики од црната фаза на моето творештво – основа на графичкиот уметнички проект „Омаж на Еугенио Монтале“ (куратор: Енцо ди Мартино и Корнелија Конеска), кој се печатеше во студио „Фалани“ Венеција, а кој оваа година ќе биде изложен во Краков.
Доколку ги имате видено петте ригорозни и фасцинантни сериграфии кои се изложени во изложбениот простор на печатницата „Фалани“, ќе сфатите дека споредбата што Јанкуловски сака да ја направи се сведува само на “судирот” меѓубелото и црното. Резултатот е пет дела кои се формално, суштински и поетски ангажирани, како што може да се каже за контрастот помеѓу ноќта и денот, или помеѓу доброто и злото, неизбежно евоцирајќи на некои песни од Еугенио Монтале, извадок од написот „Иновациите на македонскиот уметник со употребата на не-бојата“, од Енцо Ди Мартино, објавен во „Газетино“, јули 2017.
Публицитет.мк