• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
среда, јули 9, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

Во „Света Софија“ пијано-концерт на дуото Варбанов-Тарли

јули 24, 2018
in Култура
Во „Света Софија“ пијано-концерт на дуото Варбанов-Тарли

Концерт за пијано ќе се одржи вечерва во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот, во рамките на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“.

Ќе настапат пијанистот Иво Варбанов од Бугарија и италијанската уметница Фиамета Тарли. На репертоарот на вечерашниот концерт се дела од Јоханес Брамс и Игор Стравински.

Бугарскиот пијанист Иво Варбанов е еден од најпознатите претставници на бугарската музичка култура во светот.Пијаното започнал да го изучува на шест годишна возраст под менторство на Елеонора Карамишева. Во понатамошното негово школување му помогнале видни пијанистички имиња, како: Рикардо Бертацоло, Илонка Декер, Суламита Ароновски, Франк Вибот, а се усовршувал и на мајсторските курсеви на Александар Лонквич, Бери Даглас и Лев Наумов. Варбанов има богата дискографија, а во 2014 година, заедно со неговата сопруга ФиаметаТарли, основа и своја издавачка куќа – ИЦСМ Рецордс. Настапува како солист и камерен музичар со голем број истакнати артисти. За промоција на бугарската музика надвор од границите на земјата, Варбанов е добитник на наградата „Иван Вазов“, а во 2011 година ја добива и наградата „Сребрен лав“ што ја доделува Министерството за надворешни работи на Бугарија.

ФиаметаТарли се запознава со пијаното на петгодишнавозрастблагодарение на италијанскиотпијанистЏампиероСемераро, а на само 9 години го одржува својот прв концерт.Дипломира на Конзерваториумот во Фиренца, под менторство на истакнатите професори: МаријаТипо, Лидија Рочети Пецати и Илонка Декер. Вокална и инструментална камерна музика пак, изучува на Кралската музичка академија во Лондон. За време на својата активна изведувачка и образовна дејност, Тарли успева и да магистрира и да докторира на полето на музикологијата на Кралскиот колеџ во Лондон. Редовно настапува во Италија, Германија, Бугарија, Словачка, Унгарија, Шпанија, Турција и Велика Британија. На полето на камерната музика честонастапува со својот сопруг Иво Варабанов.

Публицитет.мк 

Посетеност: 64
Share
Previous Post

„Пловете по бисерното езеро“ – автор: Ема Кушевска

Next Post

Балкански карван за промоција турската култура

Next Post
Балкански карван за промоција турската култура

Балкански карван за промоција турската култура

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 64

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk