По повод изградбата на црквата „Воведение на Пресвета Богородица-Пречста“ во населбата Рача, на 30 април во црквата „Света Софија“ со почеток во 19 часот, ќе се одржи проекција на документарниот филм ,,Воскресение на Исус Христос”.
Организатори на настанот и автори на документарецот се Мартина Ѓоршеска, Ивона Ѓоршеска, Теодора Пазаркоска и Христина Пазаркоска, а настанот е поддржан од Македонска Православна Црква-ОА, Дебарско-Кичевска епархија.
-Бог е живот и Бог е прва и најважна реалност. Бог е cоздателот, а ние созданието. Да го следиме неговиот светол пат. Да го пронајдеме мирот во сите нас, порачуваат организаторите.
Билетот за следење на документарниот филм „Воскресение на Исус Христос“ чини 100 денари, а собраните средства ќе бидат донирани за црквата „Воведение на Пресвета Богородица-Пречста“ во Рача.
Публицитет.мк