Во Тирана, Република Албанија се одржува седмата по ред Дримска конференција чија главна тема е „Управувањето со сушите“.
На овој собир со кој наедно се одбележува и 10-годишнината од Дримскиот процес, структурурата формирана со цел обезбедување координирана акција за управување со Дримскиот басен, се презентира и одобрениот Стратешки акциски план за целиот Дримски Басен што содржи структурни мерки кои треба да станат дел од програмите на владите. Исто така се претставува и изготвениот Нацрт-план за управување со сливот на Охридското Езеро со програмата за мерки.
-Првпат официјално се презентира Планот за управување со сливот на Охридско Езеро. Прв прекуграничен и прв план на ниво на слив и во контекст на EU WFD. Алката што недостасуваше е изготвена, вели Дејан Пановски, национален координатор ГЕФ Дримски Проект.
Учесници се над 120 претставници на ресорните министерства, невладиниот сектор, академската фела и корисници на водните услуги од Албанија, Македонија, Грција, Црна Гора и Косово, како партициенти вклучени во проектот за заштита на Дримскиот басен.
Дримската Конференција е организирана од страна на Глобалното Партнерство за води -Медитеран- Global Water Partnership-Mediterranean, како дел од процесот за имплементација на Дримскиот Меморандум за разбирање во кој партиципираат Северна Македонија, Албанија, Грција, Косово и Црна Гора. Средбата е овозможена преку два проекти ГЕФ Дримскиот проект финансиран од Глобалниот Еколошки Фонд, имплементиран преку УНДП и извршуван преку Глобалното партнерство за води – Медитеран ( ГВП Мед) во партнерство со Економската комисија за Европна пру Обединетите нации (УНЕЦЕ), како и преку Проектот „Промоција на одржливо управување на природните ресусри во Југоисточна Европа низ употреба на НЕКСУС пристапотфинансиран од Австриската агенција за развој (АДА() каде Дримскиот басен е еден од басените кој е во фокусот.
Целта на Глобалното партнерство за води (ГВП Мед) е да се осигура управувањето со води во Медитеранот низ воспоставување на интегрирано управување со водните ресурси (ИВРМ). Тоа обединува повеќе од 100 интересенти од различни водени сектори вклучувајќи и 10 регионални мрежи на интересенти. ГВП Мед е формирано во 2002 година и е една од 13 региони од интервладината организација Глобално партнерство за води (ГВП).
Публицитет.мк