Новата самостојна изложба на ликовниот уметник Сашо Блажес под наслов „Обоена колекција на радост “ од утре 2 до 15 август ќе биде отворена во Куќата на Уранија – МАНУ во Охрид.
Блажес во родниот град по прв пат ќе го претстави новиот циклус од 15 апстрактни дела, акрил на платно, настанати во изминатава половина година.
По „Страст за носталгија“, премиерно претставена во Охрид и потоа во берлинскиот Прима центар во декември 2017 година, минатогодишната средба со скопската публика насловена како „Чудниот рај“ кога во галеријата КО-РА го изложи својот избор од 35 дела настанати во периодот од 2005 до 2013 за време на неговиот престој во Букурешт, охридскиот уметник Сашо Блажес, кој изложувал и во Венеција, Њујорк, Темишвар и Сараево.
Свеченото отворање на изложбата е закажано за 20 часот.
Публицитет.мк