Вечерва во просториите на понтификалниот универзитет Урбаниана во Ватикан беше свечено отворена изложбата „Свети Климент Охридскии неговите претстави во ликовната уметност“.
Изложбата е во рамките на традиционалната манифестација „Македонија во чест на св. Кирил“ што годинава по 48 пат се одржува во Рим.
На отворањето присуствуваа претседателот на Собранието на РМ Трајко Вељаноски,министерката за култура на РМ Елизабета Канческа – Милевска, амбасадорите на РМ при Светата Столица и во Република Италија Звонимир Јанкуловски и Оливер Шамбевски, делегација на МПЦ на чело со митрополитите Тимотеј и Пимен , претставници на дипломатскиот кор, бројни Македонци што живеат и работат во Италија и гости.
По свеченото отворање на изложбата се одржа и мини концерт на Дарко Багески виртуоз на класична гитара кој со својата изведба особено на преработки на традиционални македонски песни и ора ги воодушеви приустните и измами громогласни аплаузи.
Во Ватикан се изложени 38 експонати меѓу кои и пет икони со ликот на Свети Kлимент од охридската галерија,кои претставуваат културно наследство од највисока категорија.
Освем најстарата икона со ликот на Свети Климент Охридски презентирани се и 18 фреско-копии,меѓу кои и копијата на оригиналната фреска која се наоѓа на јужниот ѕид на црквата Света Софија на која се претставени Свети Кирил Солунски и неговиот ученик Свети Климент,насликани во 1 045 година, вели Милчо Георгиевски-Советник-кустос во Завод и Музеј Охрид.
Со овој настан Македонија уште еднаш покажа дека иако е мала по површина и население, дека сепак е земја со големо срце, широка душа и огромно материјално и духовно културно наследство.
Од Рим за Публицитет.мк Милчо Георгиевски
Публицитет.мк