Ветивме дека е секој важен и секој ќе биде важен и дека во секое село ќе реализираме по некој инфраструктурен проект, вели градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески.
Тој го најавува проектот за село Велмеј-партерно уредување на просторот пред амбулантата во центарот на селото – прва фаза.
-Со проектот се предвидува изградба на бекатон патеки, шанк со санитарен чвор и комплет водоводна и електроинсталација, изградба на огниште, осветлување на просторот.
Вкупната вредност на работите изнесува 1.058.460 денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на општина Дебрца за 2019 година.
Работите ќе ги изведува фирмата Тане 2007 и се очекува да започнат веднаш штом тоа го дозволат временските услови.
Во втората фаза која очекуваме да ја завршиме до крајот на годинава ќе се изврши заградување на просторот, со што прославата на празникот Василица 2020 година би требало да ја дочекаме во нов амбиент, вели Ногачески.