• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, јули 29, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Омнубус

Во Вевчани денеска започнува 10-тиот јубилеен фестивал „Пображење“

август 17, 2020
in Омнубус
Во Вевчани денеска започнува 10-тиот јубилеен фестивал „Пображење“

Денеска во Вевчани започнува 10-тиот по ред Фестивал на народна култура ,,Пображење” во организација на Културно Уметничкото Друштво ,,Дримкол” од Вевчани.

Оваа година поради пандемијата со Корона вирусот, програмата е редуцирана и прилагодена во согласност на новонастанатата ситуација и ќе се реализира под строги мерки и протоколи пропишани од министерството за здравство. Но, и покрај ваквата ситуација, организаторот во чест на десет годишниот јубилеј најавува програма како што му доликува на нивото на Вевчани и на овој фестивал. Фестивалот ќе започне вечерва во центарот на  19,30 часот со свечено отворање во центарот на Вевчани со Вевчанските зурли и топани и  Пејачката група Каданка.

На отворањето ќе се обрати Проф.Др.Мирјана Мирчевска, етнолог/антрополог, член на организациониот одбор на фестивалот. Веднаш по свеченото отворање, во 20,00 часот на анфитеатарот во Вевчани во дворот на црквата Успение на Пресвета Богородица ќе биде отворена изложбата ,,1000 години Бигорски Манастир” на која ќе бидат прикажани избор од најстарите и уникатни икони на нашето големо македонско духовно светилиште, Бигорскиот манстирот ,,Св.Јован Претеча,,.

Утре пак, 18 август на спортското двориште од 20,00 часот ќе биде вечер посветена на традиционалната музика и песна на која ќе настапи Ансамблот Македонија со презентација на чалгиската, вокално – традиционалната и зурлаџиско – тапанџиската традиција на нашата земја. Бидејќи бројот на седишта ќе биде според пропишаните протоколи и ограничен за публика, организаторот ценејќи го секој Вевчанец и својата драга публика каде и да е,  овозможи директен пренос online преку youtube kanalot на КУД,,Дримкол како и преку регионалниот кабловски оператор.  Фестивалот завршува во Среда со третата фестивалска вечер на празникот Преображение Христово во 20,00 часот на националната телевизија НАША ТВ како и со како  Online фестивалска програма на која ќе учествуваа:  КУД “Дримкол”- Вевчани, КУД ,,Светозар Марковиќ“- Србија, “Ансамбл Македонија“, “La Capouliero“- Франција, КУД “Илинден“ – Битола, Tierra Mestiza – Мексико, ФС “Блажевски“- Скопје. Оваа година во програмската содржина: Народната култура во Вевчани, инспирација за ликовните уметници, учесник ќе биде ликовниот сликар и ликовен педагог  Даниел Тодоровски од Кратово. Убаво е да се биде овие денови во ова автентично туристичко место и да се ужива во природните и културни вредности кои ни ги нуди.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија и на Општина Вевчани.

Публицитет.мк

Посетеност: 61
Share
Previous Post

Здружението „Мобилност“ на подарок доби книги од НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид

Next Post

Изложба “1000 години Бигорски Манастир”

Next Post
Изложба “1000 години Бигорски Манастир”

Изложба "1000 години Бигорски Манастир"

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 61

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk