На 7 декември членовите на Фото Клуб Охрид по 23-ти пат ќе ја отворат својата традиционална изложба.
Со 50 фотографии на слободна тема, членовите на клубот ќе се претстават пред охриѓани.
Повелете во 18 часот во изложбениот салон при НУ Центар за Култура ” Григор Прличев” и уживајте во прекрасните фотографии, се вели во поканата на Клубот до јавноста.

Публицитет.мк