– Поради тоа и согласно Правилникот за безбедност на вода, водата од градската водоводна мрежа во Струга и селата кои се приклучени на неа, не е здравствено безбедна и не треба да се користи за пиење, информира Центарот за јавно здравје – Охрид.
За проблемот известени се надлежните институции и соодветните инспекциски служби за натамошно постапување.
Центарот за јавно здравје од Охрид, како што е наведено во координација со надлежните институции континуирано ја следи состојбата и јавноста навремено ќе биде информирана за состојбата со квалитетот на водата во градскиот водовод во Струга.
Публицитет.мк