• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
четврток, август 21, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

ВРЕМЕПЛОВ:Филмски премиери во јуни 1969 година

јуни 1, 2019
in Филмољубие
ВРЕМЕПЛОВ:Филмски премиери во јуни 1969 година

Дали некогаш сте се запрашале што се гледало во кино салите пред 50 години во овој ист период од годината кога во кино салите започнуваат да се прикажуваат најголемите адути на филмските компании кои би требало да им донесат голема заработка?

Дали оваа трка, по што повеќе заработени пари во што пократок рок , отсекогаш бил опсесија на филмските компании или пак владееле сосема поинакви правила на игра во филмската уметност која денес се помалку може да се нарече така?

Еве на пример кои биле најгледаните филмови во таа 1969 година во американските кино сали а сигурно и во остатокот на светот:

БУЧ КЕСИДИ И САНДЕНС КИД

ПОЛНОЌЕН КАУБОЈ

ЈАВАЧИ ВО СЕДЛО

ХЕЛО ДОЛИ!

БОБ&КЕРОЛ&ТЕД & АЛИС

ИТАЛИЈАНСКА РАБОТА

ЧОВЕКОТ ВИКАН ХРАБРОСТ

КАКТУСОВИОТ ЦВЕТ

ДОГЛЕДАЊЕ КОЛУМБУС

ВО СЛУЖБА НА НЕЈЗИНОТО ВИСОЧЕСТВО

Повеќе од половината од овие десет филмови денес преставуваат филмска класика, што доволно говори за квалитетот на филмската понуда во таа 1969 година.

А еве потсетување  и  на неколку филмови од таа 1969 година кои започнале да се прикажуваат во кино салите во месец јуни:

 v 1

 

ЧОВЕКОТ ВИКАН ХРАБРОСТ

Филмот  во кино салите во САД започнал да се прикажува на 11.јуни.1969 година.Се работи за вестерн филм од 1969 година во режија на Хенри Хатавеј. Дејствието на филмот се темели врз истоимениот роман на Чарлс Портис.Приказната на филмот се врти околу 14 годишното девојче Марти Рос ( Ким Дарби)која го  изнајмува остарениот, но со револвери вешт федерален шериф Ростер Когбурн (Џон Вејн), за да го пронајде убиецот на нејзиниот татко.Останатите улоги во филмот ги толкуваат:Глен Кембел, Роберт Дувал, Денис Хопер, Стротер Мартин…

Необичните ликови,инвентивните дијалози и црниот хумор мошне добро им се допаднале на тогашната публика што резултирало со добра посетеност и заработка на кино благајните во САД која изнесувала 31 милион долари. Филмот станал еден од најпопуларните филмови во кариерата на Џон Вејн кој се закити со наградата Оскар за најдобра улога.Неколку години подоцна (1975) филмот доби свое продолжение нассловено како „ Ростер Когбурн“ во кој Џон Вејн ја повтори улогата на остарениот едноок шериф.

Инаку, во 2010 година браќата Коен направија римејк на овој филм во кој главната улога ја токува Џеф Бриџиз а тука се уште и Мет Дејмон, Џош Бролин, Хејли Стенфилд, Бари Пепер . Филмот доби 10 номинации за Оскар но не освои ниту еден. Помина мошне добро и на кино благајните заработувајќи над 250 милиони долари што изнесувало 7 пати повеќе од неговиот продукциски буџет.

 

v 2

ДИВАТА ОРДА (премиера на 18. јуни.1969 година)

Филмот „ Дивата орда“на режисерот Сем Пекинпо, преставува еден од најдобрите и во истовреме еден од најконтоверзните вестерни во историјата на филмот.

Филмот преставува приказна за една банда на одметници кои се наоѓаат во поодминати години која дејствува на границата со Мексико и Тексас во 1913 година која се обидува да преживее во надоаѓачкиот модерен свет.Филмот изобилува со екстремно насилство во воведната сцена на грабежот на една банка и во завршната битка помеѓу разбојниците и мексиканската војска.Филмот го одликува извонредната фотографија на кинематограферот Лусиен Балард за што е награден од Националното друштво на филмските критичари за најдобра фотографија.

Филмот е познат по замрсените акциони секвенци кои преставуваат успорени и нормални снимки направени од неколку агли што преставува револуционерна техника која ќе стане стандардна во многу други подоцнежни филмови како и во следните филмови на Пекинпо.

Во филмот настапува извонредна актерска екипа предводена од Вилијам Холден. Тука се уште и Ернест Боргнајн, Роберт Рајан, Едмонд О’Брајен,Бен Џонсон, Стротер Мартин,Ворен Оутс, Џими Санчез,Бо Хопкинс,Дуб Тејлор…

 

 v 3

МОСТОТ НА РЕМАГЕН (премиера на 25.јуни.1969 година)

Еден од најпопуларните филмски жанрови во текот на шеесетите години од изминатиот век биле воените филмови кои говорат за втората светска војна. Се работело за високо буџетни филмови во кои учествувале голем број на познати актерски имиња, познати режисери и се разбира голем финансиси буџет.

Еден од нив е и воениот спектакл „ Мостот на Ремаген “ на режисерот Џон Гулиермин кој во кино салите започнал да се прикажува од 25 .јуни.1969 година.Филмот денес е познат по тоа што тој послужил како една од причините за советската инвазија врз Чехословачка во 1968 година.

Дејствието на филмот се случува во 1945 година , пред самиот крај на Втората светска војна кога мостот Лудендорф покрај градот Ремаген бил единствениот преостанат мост преку реката Рајна и кого германскиот командант.,мајорот Кругер, ќе добие задача да го сруши мостот и на тој начин да ги спречи американските сили да ја преминат Рајна и продрат во срцето на Германија.

Продуцентите на филмот најпрвин сакале филмот да го реализираат на автентичните локации, но се јавил проблем околу мостот, бидејќи германските власти одбиле да издадат дозвола за снимање на филмот со образложение дека тоа ќе го поремети речниот сообраќај на реката Рајна.Заради тоа како алтернатива се наметнале локации во Чехословачка од причина што мостот на реката Влтава во градот Давле бил идентичен со оној во Германија а кој се наоѓал во фаза на рушење заради изградба на нова населба па заради тоа можел да ги „глуми“воените разорувања.Иако Чехословачка тогаш била дел од источниот блок, тогашната актуелна власт од времето на такавиканата Прашка пролет, одлучила да покаже

отвореност кон светот и одлучила да им дозволи снимање на филмот на посочената локација.На тој начин овој филм бил еден од првите кои Холивуд ги снимил на локации од источниотблок за време на студената војна.

Меѓутоа , токму снимањето на овој филм во 1968 година станал предмет на советската пропаганда при што се тврдело дека зад целиот проект стои ЦИА , односно дека филмот е изговор за доаѓање на вистински ворни сили чија цел е да се изведе антисоветски пуч со помош на антикомунистичките сили на оваа земја.Овие тврдења, меѓудругото послужиле како изговор за инвазија  врз Чехословачка која се случила во август 1968 година.Таа ги затекнала членовите на екипата кои на крајот се организирале и со такси превоз се евакуирале на запад.Филмот на крајот бил довршен на локации во Италија и Австрија.

И покрај вака стекнатиот публицитет , сепак филмот не доживеал некој голем успех кај публиката.Ниту критичарите немале високо мислење за него, забележувајќи му на режисерот дека и покрај големиот буџет и пиротехничките средства тој го занемарил заплетот и работата со ликовите.

Во филмот главните улоги ги толкуваат: Џорџ Сегал,Роберт Вон, Бен Газара, Бредфорд Дилман, Питер Ван Ајк, Хајнц Реинке, Ана Гаел, Бо Хопкинс, Роберт Логан,…

 

 v 4

ПРЕДСЕДАТЕЛ ( премиера на 25. Јуни.1969 година)

Се работи за британско- американска копродукција во режија на познатиот Џ. Ли Томпсон. Главен лик во филмот е еден научник кого американската и британската влада го ангажираат за една шпијунска мисија во комунистичката Кина, каде од тамошните научници би требало да добие информација за ензумот кој експоненцијално го поттикнува развојот на земјоделските култури и може да го реши проблемот со гладта во светот.Во текот на мисијата тој треба да се  сретне со тогашниот кинески водач Мао ЦеТунг.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Грегори Пек, Ен Хејвуд ,Кеј Лук и Конрад Јама.

Интересно е да се спомене дека и покрај интересната тема , филмот не поминал добро на кино благајните.

Ако пак се погледне понудата на филмовите кои треба да се најдат на кино репертоарот во кино салите во овој јуни месец , 50 години подоцна, може да се забележат голем број на филмови кои преставуваат продолженија на некои успешни филмови од пред неколку години и неколку нови приказни кои би требало да го најдат патот до срцата на гледачите. Дали некој од нив ќе се памети по 50 години, ќе кажат генерациите кои доаѓаат.

Токму на оваа тема подготвуваме материјал за следната сабота кога ќе говориме за филмските премиери во месец јуни годинава.

Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

 

Посетеност: 71
Share
Previous Post

Hadji Tattoo Studio од Охрид со освоено прво и второ место на меѓународниот Tattoo фестивал одржан во Скопје

Next Post

Свечено отворено првото издание на Националниот Таеквондо турнир Ohrid OPEN 2019

Next Post
Свечено отворено првото издание на Националниот Таеквондо турнир Ohrid OPEN 2019

Свечено отворено првото издание на Националниот Таеквондо турнир Ohrid OPEN 2019

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 71

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk