Времето за подготовка на зимница оваа година започна нешто порано од вообичаено, па повеќето зеленчуци треба порано да ги подготвите за зимата која ни следи. Искористете ги викендите за подготовка на најомилените додатоци, салати и сосови по овие рецепти.
Доколку сте скептични при испробување на нов рецепт, направете помала количина, па споделете го искуството.
Никогаш не знаете каков специјалитет можете да направете …
Домати во шише
Состојки:
- 10kg домати
- 10 лажици сол
- 20g мелен бибер (од Алпојо)
- 1 парче конзерванс (од Алпојо)
Подготовка:
Сомелете ги доматите во машина, па сокот ставете го во големо тенџере. Варете на силен оган, додајте сол по желба и бибер.
Варете околу 100 минути, а пред крајот додадете го конзервансот.
Кога сокот од домати е готов, тргнете го од оган и топол прелијте го во стаклени шишиња кои ќе ги затворите со метално капаче.
Шишињата превртете ги обратно и оставете ги да отстојат 5 минути. Потоа вратете ги во првобитната положба, ставете ги во кутија и замотајте ги со старо ќебе. Оставете ги да отстојат 12 часа пред да ги сместите во ладилникот.
Туршија
Состојки:
- 4kg зеленчук – зелка, краставички, морков, карфиол, пиперка
- 3l вода
- 7,5 dl вински или алкохолен оцет
- 120g сол
- 150g шеќер (од Алпојо)
- ½ кесичка винобран (од Алпојо)
- 3-4 листови ловор (од Алпојо)
- 1 рен
- Бибер во зрна (од Алпојо)
Подготовка:
Измијте и исчистете го зеленчукот. Карфиолот одвојте го на поситни делови, ренот излупете го и исечете го на стапчиња. Останатиот зеленчук сечкајте го по желба.
Промешајте ја водата со оцетот, солта и шеќерот додека не се истопат.
Зеленчукот ставете го во тегли, па додајте неколку стапчиња рен, ловоров лист и бибер во зрна. Наполнете ја теглата со течноста и затворете.
Консумирајте по 30-40 дена.
УШТЕ ЕДЕН РЕЦЕПТ ЗА ЗИМНИЦА:
Како да направите чудесен сируп од грозје!
Сируп од грозје
СОСТОЈКИ:
– 5 кг црно грозје
– 1,5 л вода
– 800 г шеќер (од Алпојо)
– 20 г лимонтус (од Алпојо)
ПОДГОТОВКА:
Одвојте ги зрната грозје, па кратко измешајте ги во електрична мешалка. Додајте ја водата и испасирајте ја смесата.
Добиениот сок исчистете го од семките и лушпите, додајте шеќер, лимонтус и варете го додека не зоврие.
Жешкиот сок ставете го во стаклени шишиња и затворете ги.
При подготовката на зимницата добро е да знаете:
1. Лажицата за мешање е најдобро да биде дрвена
2. Користете садови од материјали кои не рѓаат
3. Зимницата чувајте ја на темно, суво и студено место.
4. Никогаш не користете повеќе конзерванси од пропишаната доза, заради тоа што се хемиски средства.
5. За туршија и кисели краставички најдобри се краставичките со рапава кора.
6. За конзервирање најпрепорачливи се ситните домати.
7. Користете само зрели, здрави и квалитетни плодови.
8. Зеленчукот варете го во здрави, неоштетени садови.
9. Сите тапи за шишиња темелно измијте ги во зовриена вода.
10. За зимница користете исклучиво јодирана сол.