Во рамки на своите работни активности, дополнителниот заменик на министерот за внатрешни работи, Славјанка Петровска денеска, ќе ги посети Полициската станица во Струга.
Исто така, Петровска ќе посети и други организациони единици во надлежност на СВР Охрид (полициското оделение Франгово ,полициската станица Дебар и Граничниот премин Ќафасан).
Притоа, предвидено е во 11.30 часот во полициската станица Струга, дополнителниот заменик на министерот за внатрешни работи Петровска да даде изјава за медиумите.
Публицитет.мк