Во петок 29 септември во 20 часот во Галерија „Робевци“ ќе биде отворена интернационалната изложба на графика во мал формат насловена А4.
Изложбата е во организација на Националниот универзитет за ликовни уметности од Букурешт, Романија а кај нас ќе пристигне на основа на неодамнешната соработка со кустосот организатор на истата проф.др. Овидиу Кроитору.
На изложбата ќе бидат изложени цртежи, скици и графики на уметници и на професори од ликовните академии од Романија, Бугарија,Унгарија, Израел, Германија, САД и Чешка.
Во ова трето издание кое ќе гостува една недела во Галеријата „Робевци“ ќе учествуваат и неколку истакнати македонски уметници и професори на Факултетот за ликовна уметност во Скопје кои го негуваат цртежот, графичките техники како ликовно изразно средство.
Изложбата А4 за прв пат е отворена во Националната Универзитетска Галерија -УНА Галерија во Букурешт а по гостувањето во Галерија „Робевци“ таа ќе биде изложена во неколку Универзитетски галерии во Бугарија, Полска и Унгарија, вели за „Публицитет.мк“ Сашо Блажески, куратор во охридската галерија „Робевци“.
Публицитет.мк