Државите од ЕУ донесоа одлука за забрана на употреба на отворено на инсектициди штетни за пчелите. Т.н. Неоникотиноиди во иднина ќе смеат да се употребуваат само во стакленици.
По долгогодишни кавги, извршена е забрана за употреба на неколку инсектициди на отворено низ цела Европа, мнозинството ЕУ-членки вчера (27.04) го усвои предлогот на Европската комисија. Т.н. Неоникотиноиди ги уништуваат штетниците, но можат да ги убијат и пчелите. Експертите и екологистите одамна алармираат за драстичен помор на пчели низ Европа. Притоа, вредните „летечки работнички“ се важна алка, тие не само што произведуваат мед, туку и опрашуваат 80 проценти од растенијата кои ги користи човекот. На #ФотографијаНаДенот: мртва пчела на цвет.
Извор: www.dw.com