Во светот на забавната музика не често се случува некој интерпретатор да има еден единствен хит и по него да остане запаметен засекогаш.Обично се случува тие да реализириаат уште некоја друга песна но сепак остануваат запаметени токму по нивниот најголем хит кој во некоја рака станува нивен знак за распознавање.
Токму нешто вакво им се случи на женско машкото вокално дуо Рене и Ренато во 1982 година кога го имаа големиот хит „ Зачувај ја твојата љубов“кој се искачи на првото место во Велика Британија во декември 1982 година и таму остана цели четири недели.Синглот успеа да се продаде во 980000 примероци.
За тоа колку овој хит стана нивниот бренд говори податокот дека нивниот следен сингл
„ Само уште еден бакнеж“ едвај стигнал да се искачи до 48 место на истата листа а нивниот трет сингл „ Исус не’ сака сите нас“не успеал да сигне ниту до сингл листата во Велика Британија.
Ренато Паљиари со италијанско потекло, бил жител на областа Вест Мидленс во централниот дел на западна Британија.На аудицијата за таленти „ Нови лица“ во 1975 година го привлекол вниманието на текстописецот Џони Едвард, кој го заедно со неговата сопруга Сју ,напишал текстот за песната „ Зачувај ја љубовта“.По негова иницијатива тој го здружил Едвард со британската пејачка Хилари Лестер и на тој начин го создал дуетот Рене и Рената.Набрзо потоа тие ќе ја снимат божиќната песна „ Зачувај ја твојата божиќна љубов“која ќе стане божиќен хит број еден на крајот од 1982 година.
Хилари Лестер по распадот на дуетот се вратила на приватниот живот, а Ренато продолжил да пее на крузери и повремено во ресторанот на неговиот син.Издал и неколку албуми кои поминале незабележано.
Ренато почина на 69 годишна возраст во 2009 година.
Песната беше мошне популарна и во Европа како и Австралија. Таа доживеа и неколку препеви од познати изведувачи во Шведска и Холандија.
Потсетување на овој навистина големиот хит од далечната 1982 година кој и ден денес буди носталгични чувстава.
Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк