Здружението на граѓани ГЛАМ Македонија е непрофитна организација чии членови волонтираат уредувајќи ја и збогатувајќи ја Википедија на македонски јазик. Покрај многуте активности во 2020 година, иако беше година на пандемија па дел од активностите не се реализираа, една соработка остави огромен впечаток.
Во јули 2020 година ГЛАМ Македонија и Хидробиолошки завод на Охрид потпишаа договор за соработка. Претседателката на ГЛАМ Македонија, Снежана Штрковска и Директорката на ХБЗ Охрид, Елизабета Велјаноска-Сарафилоска, ја назначија Наташа Неданоска, едукатор за образование во Охрид и координатор на Вики Клуб Охрид за одговорна на овој проект.
Наташа: На мое лично барање се заложив за пишување статии на Википедија на македонски јазик на теми поврзани со Охрид и Охридско Езеро. Чувствувам долг кон градот во кој живеам и творам, во кој се реализирам. Својата волонтерска работа оваа година буквално ја посветив на луѓе, институции и здруженија од Охрид, па со тоа темпо планирам да продолжам и понатака. Со овој потфат се уредија над шеесет статии за ендемични видови од флора и фауна во Охридско Езеро. Покрај директорката Елизабета, која несебично се вложи во овој проект, јас посебно им се заблагодарувам на Благоја Трајчевски, Билјана Буџакоска-Ѓореска и Душица Илиќ-Боева кои надвор од своите работни задачи, со изделување стручни материјали и литература помогнаа да се уредат сите статии.
Елизабета: Задоволна сум од ентузијазмот на луѓето кои сакаат да пишуваат за поими за кои малку се знае во јавноста, а имаат големо значење за образованието и науката.. Со овој проект, преку статиите на Википедија на македонски јазик, сите луѓе ќе имаат можност да прочитаат за ендемските видови во Охридското Езеро. Драго ми е што дел од стручната литература и научните студии на кои успешно работеле или работаат во моментов моите колеги од ХБЗ Охрид сега ќе бидат достапни за сите читатели кои имаат интерес за оваа проблематика. Особено ми е драго што учениците кои во образовната програма учат за овие видови сега ќе имаат достапна литература и ќе се запознаат со живиот свет на Охридското Езеро. Морам да напоменам дека на драга волја оваа наша плодна и значајна соработка ќе биде продолжена и во иднина.
Снежана: Ние како ГЛАМ Македонија имаме соработка со повеќе институции низ државата со кои склучуваме договор и меморандум за соработка. Овој вид на соработка се покажува како многу успешен зашто до материјалите (фотографиите и литературата) се доаѓа лесно откако се поставени на Википедија, а во меѓувреме тоа се информации од прва рака кои даваат тежина на статијата која целосно е издржана и веродостојна.
Во прилог ви праќаме список на дел од статиите кои можат да се прочитаат на Википедија на македонски јазик сработени врз основа на стручната литература од ХБЗ Охрид и ГЛАМ Македонија, Вики Клуб Охрид:
1.Гомнушка
(https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%93%D0%BE%D0%BC%D0%BD%D1%83%D1%88%D0%BA%D0%B0)
2.Плашица
(https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9F%D0%BB%D0%B0%D1%88%D0%B8%D1%86%D0%B0)
3.Мрена
(https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%B0)
4.Карас
(https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%81)
5.Охридски скобуст
6.Крап
(https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D1%80%D0%B0%D0%BF)
7.охридски мренец
8.Моранец
(https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B5%D1%86)
9.Пиор
(https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9F%D0%B8%D0%BE%D1%80)
10.Амурче
(https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%90%D0%BC%D1%83%D1%80%D1%87%D0%B5)
11.Платиче
(https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9F%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%B5)
12.Охридски грунец
13.Охридско мало грунче
14.Писа
(https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9F%D0%B8%D1%81%D0%B0)
15.Клен
(https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D0%BB%D0%B5%D0%BD_(%D1%80%D0%B8%D0%B1%D0%B0))
16.Виножитна пастрмка
17.Сомови
(https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%A1%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D0%B2%D0%B8&stable=0)
18. Црвеноперка
19. Гупа
(https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%93%D1%83%D0%BF%D0%B0)
20. Охридски топчест сунѓер
21. Тубифекс охриданус форма типика
22.Хилопиргула стурани
23.Гамарус охриденсис
24.Дендроцелум
(https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%94%D0%B5%D0%BD%D0%B4%D1%80%D0%BE%D1%86%D0%B5%D0%BB%D1%83%D0%BC)
25.Гоцеа охридана
Наташа: Би сакала од мое лично име на сите читатели да им ги честитам Новогодишните и Божиќните празници со надеж дека 2021 година ќе биде успешна за секој еден и на приватен и на професионален план, но да не забораваме, и на волонтерски план!
Сите активности од овој проект постхумно му ги посветувам на Ѓорѓи Поп-Ѓорѓиев – нашиот основач, член и ИТ координатор на ГЛАМ Македонија кој започна ентузијастички да ми помага на истиот, но прерано заминаа.
Публицитет.мк