• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, септември 19, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Заев: Новата поштенска марка е доказ за храбрата и одлучна верба на нашиот народ дека е способен да создаде и да живее во независна, просперитетна и перспективна држава

септември 6, 2021
in Актуелно
Заев: Новата поштенска марка е доказ за храбрата и одлучна верба на нашиот народ дека е способен да создаде и да живее во независна, просперитетна и перспективна држава

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев се обрати на настанот за промоција на нова јубилејна поштенска марка, по повод претстојниот празник 8-ми Септември, односно 30 години од независноста.

Настанот, симболично се одржа во Шалтер салата во зградата на АД „Пошта на Северна Македонија“.

Покрај премиерот Заев, како домаќин се обрати директорот на АД  „Пошта на Северна Македонија“   Јани Макрадули, и пратеникот во првиот собраниски состав Исмет Рамадани.

Во своите обраќања, тие ја потенцираа важноста на оваа институција во сите 30 години од независноста, а се осврнаа и на историскиот развој на настаните кои придонесоа за независна и суверена Северна Македонија.

Директорот Макрадули на премиерот Заев во име на сите вработени во АД „Пошта на Северна Македонија“ му подари примерок од новата поштенска марка, како и албум со препознатливите поштенски марки од изминатите 30 години.

Во продолжение на ова соопштение ви го пренесуваме интегралното обраќање на премиерот Зоран Заев:

„Имам голема чест денеска, да присуствувам и да ве поздравам на овој свечен настан – промоција на пригодна поштенска марка, со кој, два дена пред големиот празник 8-ми Септември, го чествуваме големиот јубилеј, 30-години независност на нашата татковина.

Сакам да упатам честитки до претставниците на АД „Пошта на Северна Македонија“, кои ја организираа денешната промоција на пригодната јубилејна поштенска марка, која е издадена според Програмата одобрена од Владата и е дел од Годишната програма за издавање на поштенски марки на Поштата.

Ја користам приликата, да упатам посебна благодарност и честитки и до вработените во Бирото за филателија во рамки на Поштата, кои во текот на годината се заслужни за подготовка за печатење на неколку илјади поштенски марки на различни тематики, кои го отсликуваат нашиот фолклор, култура и други мотиви карактеристични за нашето поднебје.

Верувам дека оваа поштенска марка, која го отсликува нашиот голем тридецениски јубилеј, ќе најде соодветно место во колекциите на филателистите и понатаму со патување во светот преку писмата, ќе биде најдобра промоција на нашата земја и ќе привлекува уште повеќе туристи кои ќе се заинтересираат да ја посетат нашата земја и народ.

Оваа црвена пригодна поштенска марка ќе биде украс на писмата и понатаму ќе биде историски сведок на времето, кога граѓаните на тогашна Република Македонија донесоа историска одлука и глaсаа ЗА независност и ЗА суверенитет.

Пригодната марка, која е промовирана денеска, ќе остане своевиден доказ за храбрата и одлучна верба на нашиот народ дека е способен да создаде и да живее во независна, просперитетна и перспективна држава.И… Еве нѐ.30 години подоцна, продолжуваме да ја градиме Република Северна Македонија, која е меѓународно призната држава, со европски манири, опкружена со пријатели, со лидерите во соседството, со кои се среќаваме и соработуваме со цел обезбедување стабилна економска иднина за сите граѓани во регионот.

Уште еднаш упатувам благодарност и честитки за овој гест на АД „Пошта на Северна Македонија“ и им посакувам успешна работа и во иднина!“, рече премиерот Заев.

Извор:Влада на РСМ

Посетеност: 63
Share
Previous Post

Денес им е роденден: Лена Трајковска

Next Post

Испратена екипа за теренско гаснење на пожарот

Next Post
Испратена екипа за теренско гаснење на пожарот

Испратена екипа за теренско гаснење на пожарот

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 63

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk