• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
четврток, септември 11, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Заладување наредната недела. Можен ли е првиот снег на планините?

октомври 17, 2015
in Актуелно
Во деновите кои што се пред нас, се до вторник, ќе имаме релативно топло време, иако за волја на вистината, сме имале и години со далеку потопло време во истиов период. Температурниот максимум овие денови ќе се „држи“ до вредности околу 22°С во повардарскиот регион, и од 17°С до 20°С низ котлините во останатиот дел од земјава. 

Во однос на времето во овој период, недела и понеделник, рано наутро, и двата дена, особено во недела, ќе има услови за појава на ниска облачност / слаба магла низ одделни котлини. Истата ќе се расчисти во текот на претпладневните часови. Попладнeто и двата дена ќе биде релативно сончево.

Вторник ќе биде пооблачен, а се очекуваат и повремени и слаби врнежи од дожд, но од локален карактер. Во однос на понеделник, температурата ќе биде пониска за околу 4°С.

Повремени врнежи се очекуваат и во среда, повторно слаби и локални. Генерално облачно време се очекува низ земјата. Среда носи уште еден пад на температурата, за околу 4°С во однос на вторник. Со тоа, во среда максималната температура низ котлините ќе има вредност околу 14°С, со услови да биде малку потопло на југоисток, околу 17°С.

Засега изгледите се дека четврток ќе биде најстудениот ден во наредната недела, но во однос на среда падот на температурата ќе биде само за околу еден до два целзиусови степени. Во четврток се очекува на највискоте планински врвови, над 2400 метри во северозападниот дел од земјата, односно во шарскиот регион, да ги имаме и првите врнежи од снег оваа сезона. Овие врнежи засега изгледа дека ќе бидат релативно слаби и без услови за значајна снежна покривка. 

Извор: Метеопро.мк 

 

 

Посетеност: 88
Share
Previous Post

Во Скопје промовиран едукативниот прирачник за деца „Моето семејство‘‘

Next Post

Наскоро библиотеката на МАНУ ќе се најде на „Википедија“

Next Post

Наскоро библиотеката на МАНУ ќе се најде на „Википедија“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 88

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk