• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 16, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Аргументи за

Зам. градоначалникот Георгиевски на прес соопшти каде со ребалансот на општината се прераспределени парите

август 13, 2018
in Аргументи за
Зам. градоначалникот Георгиевски на прес соопшти каде со ребалансот на општината се прераспределени парите

Заменик градоначалникот на Охрид,   Константин Георгиевски , денес на прес конференција објасни зошто со одлука на  Советот на град Охрид со ребалансот на буџетот има пренамени на средства во одредени ставки. Обраќањето на Георгиески го објавуваме интегрално.

– Почитувани претставници на медиумите, како одговорна локална власт чувствуваме потреба да дадеме објаснување пред граѓаните на Охрид   зошто   со ребалансот на буџетот се променети средствата  во одредени ставки,  притоа посочувајќи дека   токму затоа истите тие средства се пренаменети во други   ставки за развој на одредени општествени сфери, онаму каде  што охриѓани преку свои барања укажуваат дека има многу поприоритетни прашања и проблеми за решавање. 

Деновиве некои политички опоненти јавно реагираат дека со одлука на Советот на општина Охрид   со ребалансот на буџетот се скратени 10 милиони денари  во делот на инфраструктурата и комуналните зафати што апсолутно не е точно. Во одредени сегменти се намалуваат износите на средствата но затоа се зголемуваат за приоритетни и важни проекти за Охрид. Така за 12 милиони денари се зголемени средствата за асфалтирање улици, за 10 милиони денари се зголемени средствата за изградба или реконструкција  на потпорни ѕидови. Голем дел од средствата се  предвидоа за  реконструкција и асфалтирање  на улиците „Егејска“, „Македонски просветители“ како и за довршување на патеката која води до некогашниот хотел „Парк“.
Затоа што многу помали се барањата  и потребите на Охриѓани за нови водоводни линии, со ребалансот на буџетот ги пренаменивме средствата за фекална канализација за 4 милиони денари и за водоводни линии за 6 милиони денари, поради тоа што за истите не се изготвени проекти и не може да се изведат средствата од 10 милиони денари планирани за нив се пренаменети во програмата за уредување на градежно земјиште.  Со промената на средствата за водовод и канализација воопшто нема да се намали квалитетот на услугите кон граѓаните. Во програмата за уредување  на градежно земјиште се додаваат 34 милиони денари од кои 12 милиони денари се за асфалтирање на тесни улички , 3 милиони денари  за изградба на потпорни ѕидови, 2 милиони денари за изработка на проекти, каде исто така се предвидени 4 милиони денари остварени како заштеда по тендери од планираните средства за изработка на проекти, значи вкупно дополнителни 6 милиони денари за изработка на проекти. Па така 7 милиони денари се планирани за  реконструкција  на улица „Македонија“, улица  „Егејска“ и кружен тек кај општата Болница. Останатите средства се за експропријација на земјиште.  За плаќање по судски решенија откако е на власт актуелниот градоначалник Стојаноски исплатени се повеќе од  80 милиони денари од стари долгови плус 13 милиони денари по кредит од Светска банка.
Уште еднаш потенцираме дека како одговорна локална власт ќе пренасочуваме средства зависно од потребите на охриѓани и тоа што за нив и за град Охрид во даден момент е поважно и поприоритетно – рече Георгиески.

Извор: www.ohrid.gov.mk 

Посетеност: 70
Share
Previous Post

Акорди од гитарата на Чочај ќе одекнуваат во „Света Софија“

Next Post

Нови канделабри ја красат улицата „Македонија“ во Охрид

Next Post
Нови канделабри ја красат улицата „Македонија“ во Охрид

Нови канделабри ја красат улицата „Македонија“ во Охрид

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 70

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk