Ненадејно утрово во 64 година од животот почина Влатко Димитров професорот по физичка култура и образование во охридското економско училиште.
Димитров беше познат спортски работник во областа на атлетиката во Охрид и Македонија.
Со невидена страст говореше за кралицата на спортовите атлетиката и најмногу во својата педагошка кариера се вложи во неа. Едно време беше и прв човек на македонската атлетска репрезентација.
Зад него како тренер и извонреден педагог во Атлетскиот клуб „Охрид“ останаа повеќе десеттици врвни атлетичари кои под негова стручна помош освојуваа медали и призинаија на домашни и меѓународни атлетски натпревари.
Влатко Димитров ќе биде погребан утре на градските гробишта во Охрид,а неговите посмртни останки во времето од 13 до 14 часот ќе бидат изложени во градската капела.
Публицитет.мк