Мира Ступицва, позната српска актерка почина завчера во Белград во 94-та година од животот.
Кариерата ја почна на сцените на театрите во Шабац и Ниш, а преку Народното позориште и Југословенското драмско позориште во Белград, израсна во бард – и затоа беше барана и на сцените во Моска и во Париз.
Таа има играно во сите жанрови, од класици, до современи ликови. Беше незаборавна во улогите на Петруњела, Глорија, бароницата Кастели, Мадам Сен Жен. Врвот на својата актерска дарба го остварила во режиите на Бојан Ступица, кој и беше и животен партнер и на сцената и надвор од неа. Добитничка е на многубројни награди и признанија. На големото платно дебитира на почетокот на педесеттите години на минатиот век.
Мира Ступица зад себе има три брака( Мавид Поповиќ, Бојан Ступица и Цвијетин Мијатовиќ) но и големи загуби, ги споила во книгата „ Грст сол“.
Публицитет.мк