• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, јуни 29, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

Започна „Балканскиот фестивал на народни песни и игри “

јули 5, 2018
in Култура
Започна „Балканскиот фестивал на народни песни и игри “

Со дефиле на учесниците низ чаршијата и централното градско подрачје и целовечерен концерт на Националниот ансамбл на народни игри и песни „Танец“, вечерва во Охрид  започна 57 издание  на Балканскиот фестивал на народни песни и игри.

На свеченото отворање, учесниците и бројната публика ги поздрави градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски.

– Во овие охридски безвременски духовни простори, фолклорните ансамбли кои учествуваат на годинашното издание на Балканскиот фестивал, преку нивните настапи ќе презентираат делови од фолклорното наследство на нивните земји и региони преку кои уште еднаш ќе ја потврдат универзалната максима дека различностите се темел за градење на нови пријателства. Во колективната  меморија на народниот гениј, преку усното творештво, песните, игрите и  уникатната изработка на носиите и инструментите, низ вековите се  чувал сопсвениот културен идентитет, а таа традиција успешно се негува преку настапите на фолклорните фестивали.    Учесниците на Балканскиот фестивал на народни песни и игри и бројната домашна публика, но и посетителите од сите страни на светот, овие неколку дена, ќе го почувствуваат духот на древниот Охрид, градот на светлината, градот во кој секој оставал своја трага и приказна, градот во кој секој што дошол, сакал одново да биде дел од овој спокој и убавина. Да го споиме старото со новото, да ги споиме милениумското  културно и природно наследство и сегашноста. Охридските сокаци, улици и плоштади, ќе се разубават со сјајот и колоритот на носиите, песната и играта на повеќе народи и региони, како знак на нивниот културен идентитет. Во тој дух, посакувам уште едно успешно издание на фестивалот и упатувам порака за  почитување на различностите на Балканот како основа за едно ново современо единство – подвлече градоначалникот Стојаноски.

Фестивалот традиционално се одржува под покровителство на Собранието на Република Македонија,а со поддршка на Министерството за култура. Пред присутните пригодни обраќања имаа и Заменик претседателот на Собранието, Весел Мемеди и  директорот на ЦК „Григор Прличев“, Стрезо Стаматоски.

Во текот на четирите фестивалски ноќи на сцената во ЦК „Григор Прличев“ ќе настапат повеќе културно уметнички друштва  и фолклорни ансамбли  од Македонија, Србија, Црна Гора и Албанија.

Во рамки на фестивалот во  изложбениот центар на Центарот за култура беше отворена изложбата на влашки народни носии од колекцијата на  Доц. м-р. Ванѓа Димитријева- Кузманоска.

Влезот за четирите фестивалски ноќи е слободен.

Извор: www.ohrid.gov.mk 

Посетеност: 59
Share
Previous Post

Фестивал на поезија за деца „СТИХУВАЛКИ“ 2018 гостуваше во „Аквариус“

Next Post

Средба на градоначалникот Стојаноски со неговиот колега Буковиќ градоначалник на општина Радлје

Next Post
Средба на градоначалникот Стојаноски со неговиот колега Буковиќ градоначалник на општина Радлје

Средба на градоначалникот Стојаноски со неговиот колега Буковиќ градоначалник на општина Радлје

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 59

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk