• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
четврток, мај 15, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Започна чествувањето на 11 Октомври – Денот на Народното востание

октомври 10, 2019
in Тикер
Започна чествувањето на 11 Октомври – Денот на Народното востание

Со свечена седница, денес, започна чествувањето на 11 Октомври – Денот на Народното востание. На свеченоста свое пригодно обраќање имаше градоначалникот Константин Георгиески.

11 Oktomvri 11

– Почитувани дами и господа, борци и следбеници на идеалите на учесниците во Народноослободителната и антифашистичка војна, нека ни е честит и вековит 11 Октомври – Денот на востанието на македонскиот народ. Овој ден е симбол на Македонскиот непокор и слободарскиот дух. Во очи на големиот празник, денес одбележувме 78 години од четиригодишната народно – ослободителна борба на Македонскиот народ во Втората светска војна. Благодарение на пожртвуваноста на храбрите борци и на нивните идеали за слобода, денес, ние сме свои на своето. Наша определба и денес, е сигурно и недвосмислено да чекориме по заветот што ни го оставија, да продолжиме да се бориме за да ги одржиме темелите на слободна Република Северна Македонија. Почнувајќи од 1893 година, од македонската историја исполнета со крв и саможртва, стана пример кој го следеа сите понатамошни македонски востанија и револуции. Темел врз кој се надградувале Илинден 1903, 11 Октомври 1941, АСНОМ 1944 и 8 септември 1991 – денот на прогласување на независноста. Нашата борба денес, е борбата за обезбедување подобар животен стандард, подобра инфраструктура, подобри услови во образованието…, истакна градоначалникот Георгиески.

11 Oktomvri 12

11 Oktomvri 14

Свечената седница беше збогатена со културно уметничка програма. Чествувањата продолжуваат и утре со полагање на свежо цвеќе пред спомениците на борците од Народноослободителната војна.

извор:www.ohrid.gov.mk

Посетеност: 52
Share
Previous Post

Света архиерејска литургија по повод празникот „Покров на Пресвета Богородица и Св. Јован Кукузел“

Next Post

Димитров за ДВ: Идентитетот не може да биде услов за ЕУ

Next Post

Димитров за ДВ: Идентитетот не може да биде услов за ЕУ

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 52

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk