• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, јули 11, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home На минување

Започна јубилејното „На зајдисонце“ во Трпејца

јули 21, 2021
in На минување
Започна јубилејното „На зајдисонце“ во Трпејца

Со видео приказот „Ние на зајдисонце“ и настапот на популарниот дует „Силви Бенд“ синоќа во Трпејца започна десеттото – јубилејно Културно забавно лето „На зајдисонце“.

 Во името на покровителот на манифестацијата летото за отворено го прогласи заменик – градоначалникот на Општина Охрид Ристе Николески.

-Групата ентузијасти која е најзаслужна за успешната реализација на „На зајдисонце во Трпејца“ пред десет години ја промовира идејата да на гостите, посетителите и мештаните на Трпејца им понуди културно забавни содржини, покрај прекрасниот амбиент и бистрите езерски води. Таа идеја веднаш наиде на поддршка во Локалната самоуправа, но и жителите на Трпејца ја препознаа и ја поддржаа замислата. Бројот на уметници, спортисти и културни дејци од година во година е се поголем, а следствено на тоа се зголемува и бројот на публиката.

 trpejca 21.1

Деновиве во Трпејца ќе има една хармонична поврзаност, еден спој, кој ќе внесе нов дух на ова прекрасно место. Секоја година, во деновите кога се одржува „На зајдисонце“ постои поинаква енергија, различна од сите претходни години, која го обзема ова место. Она што радува е дека не се само убавините кои природата без штедење ги распростанила низ Трпејца, туку и културно – забавната манифестација е таа која повторно ги враќа гостите кои еднаш ја посетиле, но овој пат не сами, туку со сите оние кои поверувале во нивните кажувања и во убавите приказни, рече Николески. 

 trpejca 2021

Милчо Јованоски, член на Здружението „За Трпејца со љубов“ организатор на летото се заблагодари на годините на поддршка и посветеност на сите оние кои придонесле „Зајдисонцето“ да стане препознатлив настан вистински организиран од и со љубов, посака убаво време и многу публика и во следните денови и години.

milco 2021

Вечерва од 20.30 часот, трпејчани и гостите ги очекува  средбата  со Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид,меѓу другото посетителите ќе видат и инсерт од познатиот документарец „Танцот со пастрмките“. Меѓународнииот нуркачки инструктор Милутин Секулоски ќе ги открива тајните на подводниот свет на милениумски старото Охридско Езеро.

 PUBLIKA

  Утревечер следува видео презентацијата од книгата „Рибарски алманах“од  проф. д- р Теон Џинго, доц. д-р Никола Митровиќ – Бабе и презентерот Славчо Новески. Трпејчани на фотографии ќе ги видат своите претци – рибари на фотографии зачувани во Архивот во Охрид.

silvi

На овој настан ќе му претходи и атрактивната „Вечерна променада“ со кајче по езерото. Свој настап ќе имаат младите репродуктивни уметници Христијана Матесека – хармоника и Марија Џуклеска – виолина.

Во петок во Трпејца ќе гостува Градскиот мешан хор „Вокс Лихнидос“ од Охрид под раководство на диригентот Бурим Хидри.

Манифестацијата по втор пат  е поддржана од Делегацијата на Европската Унија во Скопје како и од други бројни спонзори и помагатели.

Публицитет.мк 


 [ЉЈ1]

Посетеност: 81
Share
Previous Post

Јавен повик за Реонски инструктори и попишувачи

Next Post

„Вино и гитари“ Габи Новак

Next Post
„Вино и гитари“ Габи Новак

„Вино и гитари“ Габи Новак

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 81

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk