• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, август 15, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Омнубус

Започна санацијата на Спомен училиштето во село Црвена Вода

септември 19, 2019
in Омнубус
Започна санацијата на Спомен училиштето во село Црвена Вода

Дебрца освен со сочувани природно наследство, биолошка разновидност и автентичност, се одликува и со богато историско наследство, градено од разните слоеви на цивилизации и култури, напластени на овие простори низ историјата и поради што со право го носи епитет Славна Дебрца.
Затоа, имаме обврска да се однесуваме одговорно кон нашата историја, култура и традиција, да го чуваме и заштитиме нашето богато историско и културно наследство.
Едно од тие историски места е селото Црвена Вода.
Во Црвена Вода, во текот на НОБ се донесени пресвртните одлуки за Македонија, а пред се Манифестот на Главниот штаб на НОВ И ПОМ.
Манифестот до македонскиот народ, од 1943 година, по своето значење, е еднаков со Крушевскиот манифест од 1903 година и во него е претставена платформата на македонската државност , односно Асномска Македонија.
И не случајно, 3 Октомври, Денот на Манифестот до македонскиот народ, од 1943 година, воедно е и Ден – Патронен празник на општина Дебрца.
Поради тоа, започнавме со санација на Спомен училиштето во село Црвена Вода, во кое се сместени Спомен собата на ГШ НОВ и ПОМ и Спомен собата на писателот Ванчо Николески.
Ќе се изврши демонтажа на старите подови и прозорци, бетонирање на подовите, поставување на керамички плочки, молерисување на внатрешни ѕидови, нови прозорци, нова електрична инсталација, шприцање на фасада, изработка на конзолна настрешница пред влезот и др.
Вкупната вредност на работите изнесува 589.535 денари , кои се обезбедени од Буџетот на општината за 2019 година, соопштуваат од општина Дебрца. 

Публицитет.мк 

Посетеност: 57
Share
Previous Post

ОУ „Ванчо Николески“ од Лескоец со вклученост во проекти чекори кон Европа

Next Post

Продолжение на 28-та седница на Советот на Општина Охрид

Next Post
Продолжение на 28-та седница на Советот на Општина Охрид

Продолжение на 28-та седница на Советот на Општина Охрид

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 57

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk