Новата сезона од октомври ќе ја отвориме со аудио интервјуто со македонската актерска и режисерска легенда Коле Ангеловски.
Коле Ангеловски е роден во Скопје 1943 година.Дипломирал Академија за филм и театар во Белград.Целиот свој работен век го поминал во Драмски театар Скопје.Има одиграно бројни театарски улоги на матичната сцена но повеќето главни улоги ги има одиграно во филмови и серии во поранешна Југославија.Како режисер во Македонија има режирано повеќе од 100 театарски претстави и е еден од најгледаните македонски режисери.
Публицитет.мк