Во рамките на ГЕФ Дримскиот Проект и Дрим Корда процесот ќе се финансира одбележувањето на ДЕНОТ НА РЕКАТА ДРИМ 2018.
Објавен е оглас на кој можат да се пријават сите НВОи кои можат да подготват проекти кои ќе бидат финансирани. Фокусот годинава е ставен на прекугранична соработка за одбележување на Денот на реката Дрим.
Петтото издание на прославата на Денoт на реката Дрим ќе се случи на 5 мај. Целта на повикот е да ги инспирира колективните и прекуграничните активности за заштита на сливот на реката Дрим и нејзините слатководни еко-системи. На овој начин,организаторот ги охрабрува невладините организации од регионот да земат учество на повикот. Треба да се вклучат најмалку две невладини организации и здруженија кои доаѓаат од друга земја партнер. Активностите треба да се географски фокусирани на еден од под-басените. Невладините организации / ГО кои обезбедуваат предлози за прекугранични активности ќе бидат поддржани од ГЕФ Проектот Дрим за спроведување на настанот за Ден на Дрим 2018!
Секој избран проект ќе добие по 6.000 долари (3500 долари за трошоци за работна сила и 2.500 долари за промотивни трошоци).
На линкот подолу ги има сите потребни информации:
https://www.gwp.org/en/GWP-Mediterranean/WE-ACT/News-List-Page/call-for-prosposals–drin-day-2018/
Публицитет.мк