• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
среда, јули 9, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Здружение на „Титоисти“ – Охрид: Честит ден на ослободување на нашиот Охрид!

ноември 6, 2015
in Тикер

Во честитка по повод 7-ми Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид Здружението на „Титоисти“ се вели: 

-Во својата вековна историја, Охрид запишал многу значајни датуми за своето постоење. Но, ниту еден датум ја нема симболиката на ослободувањето, на зачекорувањето во мирот и просперитетот, на удирањето на темелите на еден современ град, како што е денешниот датум, 7-ми Ноември. На овој ден, се враќаме седум децении наназад, во светлината на ноемврискиот ден, кој на Охриѓани им ја донесе толку посакуваната слобода, како најсилен и најзначаен симбол на секој слободољубив народ. Најсамосвесните, најпрегорните, најсамопожртвуваните во својата партизанска генерација, која предводена од Главниот Штаб на НОВ и ПОМ, и маршалот Јосип Броз – Тито, ги вгради своите животи во браникот на нивниот сакан град, и ги поставија патеките на градот кој сите ние денес го сакаме и го почитуваме. Борбата на сите тие млади луѓе, партизани, за денес ние да го живееме нивниот сон, не смее да се заборави. Таа мора да продолжи во секој од нас, и во сите идни генерации. Водејќи се од нивните идеали, ние мора да поставиме нови цели и вредности, засновани на нивната слободарска визија, на цврстата определба на плејада млади луѓе, за остварување на испрекинатата мечта, создавање своја слободна татковина.

Споменот на тие храбри луѓе не треба никогаш да згасне! Напротив, тој треба да гори како вечен пламен во срцата на сите наши сограѓани, кои секогаш знаат да ги извојуваат сите битки на праведен начин, и достоинствено застануваат пред сите предизвици на времето во кое живееме, затоа што тоа е нашата денешна борба, да обезбедиме подобра иднина за градот кој е наш единствен дом!

Нека е честит и вековит овој најзначаен датум во поновата историја на Охрид!

Со почит,

Здружение “Титоисти”

Публицитет.мк 

Посетеност: 106
Share
Previous Post

„Мојот живот, мојот свет“ – Трајче Талевски

Next Post

Празнична честика на градоначалникот Бакрачески: „Просперитетен Охрид е наш и аманет за генерациите после нас“

Next Post

Празнична честика на градоначалникот Бакрачески: „Просперитетен Охрид е наш и аманет за генерациите после нас“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 106

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk