• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
четврток, мај 15, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Здружение „Титоисти“ : Честит 29 Ноември

ноември 29, 2022
in Тикер
Здружение „Титоисти“ : Честит 29 Ноември

Дозволете денес да се навратиме на еден од најзначајните датуми кој е силно врежан во колективната свест на Македонскиот народ, 29-ти Ноември, кога во 1943 година, во градот Јајце во Босна и Херцеговина, на Второто Заседание на АВНОЈ, беа удрени темелите на модерната Југословенска Федерација, во чии рамки Македонија конечно го реализираше долговековниот сон и стремеж на илјадници млади луѓе, борци и идеолози, да стане современа држава со сите нишани, со сопствен јазик и идентитет”,стои во соопштението од Здружението “Титоисти“ од Охрид.

На овој ден беше формирана државата на безброј генерации, сведоци на едно поубаво, помирно и посреќно време, во кое имаше подеднаков развој и правда за секоја индивидуа во кое работничкиот труд се почитуваше и беше алфа и омега на државното уредување. Тоа беа децении во кои човечкото достоинство немаше цена, и во кои државата се градеше беспоштедно и неиспрекинато.

Драги Охриѓани, од нас зависи дали денешниот светол датум на поколенијата после нас ќе им биде само бледо сеќавање на една земја која постоела повеќе од 50 децении, и на чија сигурна и светла иднина и пресудија некои други, посилни фактори од човечката желба за мир, стабилност и просперитет, или приказната за неа ќе продолжи да се шири, но не како потсетник на крвопролевањата и на омразата со која се задоија нејзините наследници, туку како пример дека почитта кон различностите, мирољубивоста и подадената рака треба да бидат единствени патокази кон сигурна иднина.

Ние мораме да бидеме силни и цврсти потсетници на времето во кое нашата земја Македонија ги изгради своите цврсти општествени темели, за таква да ја предадеме на секој оној кој што ќе дојде по нас.

Честит 29-ти Ноември, ден на Републиката.

Со почит,

Здружение “Титоисти”,Охрид.

Публицитет.мк 

Посетеност: 70
Share
Previous Post

ЖЦ „Бисера“ со предавање на тема: Наследство и тестамент

Next Post

Трибина во чест на некогашниот празник 29 Ноември, Денот на Републиката

Next Post
Трибина во чест на  некогашниот празник 29 Ноември, Денот на Републиката

Трибина во чест на некогашниот празник 29 Ноември, Денот на Републиката

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 70

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk