• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, септември 15, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Здружение „Титоисти“: Честит 4 јули – Ден на борецот

јули 4, 2021
in Тикер
Здружение „Титоисти“: Честит 4 јули – Ден на борецот

Во овие тешки времиња кога се забораваат основните вредности и постулати на слободата на македонско тло и споменот на нејзините творци се’ повеќе избледува, дозволете да се потсетиме, а истовремено и младите генерации да ги потсетиме на значењето и на истрајната симболика на денешниот датум, Денот на борецот, стои во соопштението до медиумите испратено од Здружението „Титоисти“ од Охрид.

Денес е мигот на мало приспомнување на најхрабрите во својата генерација, вградени во колективната македонска историја, посебно од периодот на Втората светска војна, денес толку склона на прекројување, на оспорување и на повторно пишување!

Без нивната беспоштедна и искрена партизанска саможртва која во последната деценија некои историски современици се обидуваат да ја стават на маргините на вековната борба за македонска независност, нашата земја денес немаше да чекори по нејзиниот самостоен пат!

Нивните заслуги за трасирањето на патеките на модерната држава, Република Северна Македонија, имаат исклучително голема важност и крајно позитивни резултати!

Историјата треба да го потсети македонскиот народ на сите негови синови од можеби најзначајната епопеја во битката за наше парче татковина, народно ослободителната војна, тие се нераскинливо испреплетени и поврзани со непокорот и со нескршливиот дух на македонските илинденци, но и со сите оние кои низ вековите бдееле над земјава!

Ние не смееме да дозволиме новите државни елити да ја менуваат историската подлога и да ги минимизираат улогата и значењето на едните наспроти другите, затоа што на тој начин ќе бидеме одговорни пред нашите предци, но првенствено, пред оние кои што ќе дојдат по нас!

С. Македонија мора и треба да им оддаде максимална почит на симболите на нејзиното слободарско минато чии дела неминовно треба да се преточат не само во сегашноста, меѓутоа и во иднината!

Тие се олицетворение на младешките идеали на партизаните како достојни продолжувачи на светата Илинденска мисија за независна и слободна држава, на оние млади луѓе кои ги положија сопствените животни приказни за некои нови идни генерации да ги сонуваат нивните прерано прекинати и неотсонувани соништа, во едно друго и поубаво време, на кое сме сведоци токму ние, стои во дописот од Здружението „Титоисти“ од Охрид.

Публицитет.мк

Посетеност: 87
Share
Previous Post

АЛПОЈО – Охрид: Sax Gin вистински пијалак за уживање во лето

Next Post

Интервју со д-р Марија Димзова, специјалист – инфектолог: Само со вакцинирање можеме да ја спречиме короната

Next Post
Интервју со д-р Марија Димзова, специјалист – инфектолог: Само со вакцинирање можеме да ја спречиме короната

Интервју со д-р Марија Димзова, специјалист - инфектолог: Само со вакцинирање можеме да ја спречиме короната

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 87

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk