• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, септември 15, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Аргументи за

Здружение „Титоисти“ – Охрид: 22 Декември беше роденденот на ЈНА

декември 22, 2017
in Аргументи за
Здружение „Титоисти“ – Охрид: 22 Декември беше роденденот на ЈНА

Во редот големи датуми во СФРЈ, едно од најзначајните места го зазема и 22-ри Декември. Сега е вистинско време постарите генерации да се потсетат, а оние помладите да научат нешто повеќе за значењето на овој датум, на кој во виорот на Втората светска војна, во 1941 година во градот Рудо во Босна и Херцеговина е формирана Првата Пролетерска Народноослободителна бригада, како дел од партизанските единици.

          Таа воена формација беше светол предвесник на Југословенската Народна Армија која го доби официјалното име на истиот овој ден, 22.12.1951 година, и која се до нејзиното растурање во 1992 година се третираше како четврта воена сила во Европа.

            Тоа беше војска на безброј генерации, алфа и омега за свесноста на секој граѓанин за вредноста на државата која тогаш се градела. И ден денес, таа останува симбол на едно поубаво минато време, на декадите без поделби и без неправди, на времето кое знаеше да го вреднува и да го цени достоинството, мирот и безбедноста на сите луѓе.

           Југословенската Народна Армија беше столбот на државата која сите генерации треба да ги асоцира на стабилност, почитување, еднаквост и рамноправност. Нејзините припадници беа заштитници на сонот и на мирното секојдневие на сите жители на шесте држави кои стоеја под Југословенското Знаме.

          И покрај тешките и неправедни напори за поткопување на историските придобивки на Македонската држава во периодот од 1945-1991, наша должност е да бидеме силни и цврсти потсетници на времињата во кои зборот војник имаше најголема вредност, а служењето во една од најсилните армии на европско и светско тло во тој период беше вистинска чест и одговорност за секој млад човек.  Тие спомени и вредности, треба достојно да ги сочуваме и да ги предадеме на сегашните генерации и носители на власта, затоа што одговорноста за иднината на Македонија, на нејзината безбедност лежи во нас, за да ја предадема во трајна вредност, на сите идни поколенија, стои во соопштението и честитката на Здружението „Титоисти“ од Охрид.

Публицитет.мк

Посетеност: 79
Share
Previous Post

Во Охрид Дедо Мраз ќе стигне на аеродром во недела

Next Post

Волонтерите на Црвен крст – Охрид ќе продаваат новогодишни уникатни, рачно изработени креации

Next Post
Волонтерите на Црвен крст – Охрид ќе продаваат новогодишни уникатни, рачно изработени креации

Волонтерите на Црвен крст - Охрид ќе продаваат новогодишни уникатни, рачно изработени креации

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 79

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk