На крајот од оваа година најубавиот музички подарок за љубителите на добрата музика доаѓа од работилницата на Маестро Зоран Џорлев.
На најновиот носач на звук ќе се најдат 14 македонски поп хитови отсвирани со неговата виолина и носечката “Свирете ја зајди, зајди”, а издавач на истото е Здружението за култура и уметност “Арт Вивенди”- Охрид.
Зад преработените аранжмани на овие композиции стои потписот на Дамир Имери, продуцент е Маестро Џорлев, а извршен продуцент е Ѓоко Алоски. Промоцијата на ЦД- то е од отворен тип и е во четврток, на 20 декември, во Македонската опера и балет, Империјал сала, со почеток во 12 часот.
Публицитет.мк