„Опција„ пак во акција.
Здружението ОПЦИЈА-ОХРИД кое ги спроведува програмите за намалување на штети од употреба на дрога и програмата за поддршка на сексуални работници и нивни семејства на територија на Охрид и Струга, во рамките на проектот: „Одговорна транзиција од финансиска поддршка на Глобалниот фонд кон одржливо финансирање на програмите за ХИВ превенција од националниот буџет“ како и согласно своите активности за актуелизирање на прашањата поврзани со програмите и нивната ефикасност, вчера во Охрид и Струга, организираше состанок со претставници на локалната самоуправа, донесувачи на одлуки, како и претставници на државни установи и здруженија на граѓани на локално ниво.
Главна цел на настанот беше на еден креативен начин, преку промоција на документарно видео за активностите на Здружението на територијата на Општина Охрид и Општина Струга, да се презентираат и пренесат информациите за досегашните активности кои се спроведуваат на локално ниво како и нивната корист поврзана со превенцијата на ХИВ/СИДА; Хепатитис Б/Ц, Туберкулоза, и други инфекции кои се пренесуваат преку крвен пат, како и да се разгледаат можностите за вклучување на локалната самоуправа кон понатамошно опстојување и непречено спроведување на превентивните активности кои се значајни не само за целната група туку и за општата популација. На самиот настан, од страна на Влатко Деков Програмски директор на ХОПС Скопје и член на форумот за дроги при Европска комисија во Брисел, беа споделени и практични искуства на здружениа од регионот кои работет на иста или слична проблематика.
Јулијана Настоска, социјален работник
Публицитет.мк