Иста тема два настани во Охрид и Струга.
Утре, Здружение на граѓани „Опција“ од Охрид кое работи на програми за намалување на штети од употреба на дрога и програми за поддршка на сексуални работници, на територија Охрид и Струга, во рамките на проектот: „Одговорна транзиција од финансиска поддршка на Глобалниот фонд кон одржливо финансирање на програмите за ХИВ превенција од националниот буџет“ како и согласно своите активности за актуелизирање на прашањата поврзани со програмите и нивната ефикасност, организира состанок за претставници на локалната самоуправа, со донесувачи на одлуки, како и со претставници на сите позначајни државни установи и Здруженија на локално ниво.
Состанокот со претставниците на институции од Охрид ќе се одржи во х. Гарден, а состанокот со претставници на институции од Струга ќе се одржи во х. Дрим. Дел од предавачите ќе биде и Влатко Деков – Програмски директор на ЗГ ХОПС Скопје и член на форумот за дроги при Европска комисија во Брисел.
Публицитет.мк