Денеска Активот на жени при ЗИП-Кавадарци претставуван од претседателот Нина Стаменкова, организираше средба со сите Здруженија на Инвалидски пензионери ширум Република Македонија на која присуствуваше и ЗИП-Охрид и Дебрца.
На свеченоста во Кавадарци, каде е во тек манифестацијата „Тиквешки гроздобер“ ,Активот на жени од ЗИП-Кавадарци одбележа 10 години активно работењеи 70 години од постоењето на Здруженијата од
оваа категорија пензионери,а на Здруженијата на Инвалидски пензионери речиси од сите градови на државата им беа доделени благодарници.
На манифестацијата учествуваше и ЗИП од Охрид,каде групата предводена од Претседателот Матеја Петрески,заслужено ја доби Благодарницата од страна на претседателот на ИП-Кавадарци Стојче Ристов.На собирот присуствуваа и гости од ЗИП-Лесковац,Р.Србија.
Публицитет.мк